Search

Експлозија во Кабул, 40 загинати и над 140 повредени

Експлозија во Кабул, 40 загинати и над 140 повредени

Најмалку 40 луѓе загинаа, додека 140 се повредени во експлозија на бомба во возило на Брза помош, на полицискиот пункт во Кабул, соопшти авганистанското министерство за здравство. Експлозијата се случила недалеку од градот каде се наоѓаат странските амбасади и зградата на владата.

Пратеникот Мирваис Јасини, кој се нашол во близина на експлозијата, рекол дека возилот на Брза помош се приближило до контролниот пункт, во близина на канцеларијата на Високиот совет за мир и до многубројните странски амбасади и дека во тој момент експлодирала бомбата.

Одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад со автомобил-бомба, презедоа талибанците, кои само пред една недела изведоа напад на хотелот „Интерконтинентал“ во Кабул, при што беа убиени над 20 луѓе.

 

Треба да знаете
Последни објави