Search

36 години подоцна, Ума Турман ја сподели својата ‘најмрачна тајна’

Ума Турман ја сподели својата најмрачна тајна, како што напиша, откривајќи дека таа абортирала во доцните тинејџерски денови.

Ѕвездата на Kill Bill („Убиј го Бил“) го сподели своето искуство за прекинување на бременоста во раната младост кога го критикуваше новиот закон во Тексас – кој им овозможува на граѓаните да ги тужат докторите кои вршат абортус и секој друг што ѝ помага на жена да абортира по шеста недела од бременоста – и објасни дека нејзината одлука била донесена делумно затоа што се чувствувала неспособна да обезбеди стабилен дом во тоа време.

Во колумна за весникот „Вашингтон пост“ таа напиша: „Ја започнав актерската кариера на 15 години, работејќи во средина каде што честопати бев единственото дете во собата.“

„Во доцните тинејџерски години, случајно затруднев од многу постар човек. Живеев во Европа, далеку од моето семејство и требаше да почнам нова работа. Долго време се мачев да смислам што да правам. Сакав да го задржам бебето, но како? ”

51-годишната актерка побарала совет од своето семејство и на крајот се одлучила за прекин, одлука која се уште ѝ предизвикува тага, но таа смета дека тааодлука ја доведе до местото каде што е денес. „Решивме како семејство дека не можам да продолжам со бременоста и се согласивме дека прекинот е вистинскиот избор. Но, како и да е, моето срце беше скршено.“

Ума, која има две деца Маја (23) и Левон (19) со поранешниот сопруг Итан Хок, и деветгодишната Луна со Арпед Басон, ја сподели својата приказна „со надеж дека ќе ги пренасочи пламенот на контроверзите од ранливите жени, врз кои овој закон ќе има непосреден ефект “.

Таа додаде: „Тоа беше мојата најмрачна тајна до сега. Имам 51 година и ја споделувам со вас од домот каде што ги израснав моите три деца, кои се моја гордост и радост.“

Актерката од Pulp Fiction („Евтини приказни“) ја опиша законската регулатива како „криза за човековите права што дискриминира жени во неповолна состојба“.

Треба да знаете
Последни објави