Search

Карачиќ: Ова беше посебен натпревар за мене

Вардар и Кјелце одиграа драматичен меч кој заврши без победник 28:28. Игор Карачиќ по седум години минати во дресот на „црвено-црните“ летоска како европски шампион замина од „Јане Сандански“, токму во редовите на полскиот тим Кјелце. Навивачите на Вардар не заборавија што направи хрватскиот интеранционалец Карачиќ за „црвено-црните“ со кои шестпати пати стана македонски првак, четири пати регионален и двапати пати европски „крал“. За сето ова што го постигна со „црвено-црните“ Карачиќ пред мечот од капитенот Стојанче Стоилов доби вардаров дрес на кој пишуваше „Кара фалата за се“.
-Сакам да им честитам на двете екипи за добрата борбеност, мислам дека заслуживме да победиме. Ја прекинавме традицијата на Кјелце на порази на овој терен, освоивме бод, но мислам дека требаше и да победиме. Сакав да игра и Криштопанс, се спремавме за него, но тој не беше во составот, Вардар не изненади со формацијата и со тактиката седум на шест со многу ниски и брзи играчи. За мене овој меч беше посебен, уживав во него, едно ново искуство во животот, сакам да им се заблагодарам на оваа прекрасна публика која ме поздрави. Се надевам дека ќе победиме во Кјелце, рече Карачиќ по мечот.
Треба да знаете
Последни објави