Search

31-годишен пациент меѓу починатите од ковид во земјава

Пациент од Скопје на возраст од 31 година е најмладиот кој во последниве 24 часа ја изгуби битката со новиот коронавирус.

Како што информираше Министерството за здравство, во изминатото деноноќие починаа вкупно 41 пациент со компликации од ковид-19. Од нив 17 се од Скопје и тие се на возраст од 31 до 98 години.

Животот го загубија и четворица пациенти од Охрид на возраст од 60 до 74 години, а исто толку починаа и во Гостивар на возраст од 54 до 91 година. Три лица ја загубија битката со ковид и во Струмица тие се на возраст од 78, 63 и 70 години. Бројот на починати во Битола е ист како и во Струмица, а починатите пациенти се на возраст од 75, 60 и 77 години.

По двајцата пациенти изгубија и Прилеп (56 и 71 г) и Велес (76 и 58 г). Во денешната статистика на починати се регистрираат и пациенти од Кавадарци (67г), Радовиш (67г), Кочани (68г), Пробиштип (85г), Валандово (75г) и Кичево (66г).

Како што информира Министерството за здравство, од починатите само еден пациент е починат вон, а останатите се починати во болнички услови.

Треба да знаете
Последни објави