August 20, 2019 01:31
Магазин

300 илјади луѓе потпишале петицијата да се преснима осмата сезона на „Игра на тронови“

Фановите на „Игра на тронови“ изготвија петиција за преснимување на осмата сезона на играната серија. Петицијата доби над 300 илјади потписи и бројката постојано се зголемува.

Целта е да се соберат половина милион потписи од луѓе што се незадоволни од тоа како заврши осмата сезона на популарната серија.

„Серијата заслужува завршна сезона што има смисла“, пишува во петицијата објавена на Change.org.

Осмата и последна сезона на „Игра на тронови“, чија последна епизода ќе се емитува в недела, ги остави разочарани многу обожаватели.

Нови вести

Хорор-филмовите предизвикуваат дебелеење

Filip

Драг квинсерки го зашаренија Лондон

zane

Брајан Остин Грин бил во врска со две колешки од серијата „Беверли Хилс”

zane