Search

„30“ на Адел најпродаван албум на годината само три дена по издавањето

Откако го чекаа новиот албум повеќе од шест години, фановите на Адел масовно реагираа на нејзиниот четврти студиски албум, „30“, кој веќе е најпродаваниот албум во 2021 година.

„30“ беше објавен на 19 ноември, пет дена по двочасовната специјална емисија Adele One Night што се емитуваше на „Си-би-ес“, со неверојатно голема гледаност од над 10 милиони луѓе.

Новите извештаи од компанијата MRC Data (преку „Билборд“) откриваат дека веќе се продадени повеќе од 500.000 примероци за само три дена, надминувајќи го Evermore на Тејлор Свифт (469.000 примероци) за најпродаван албум на годината.

Треба да знаете
Последни објави