Search

30 занаетчии – креативци ќе се претстават денеска на КрафтАРТ Фест

Преку 30 занаетчии – креативци ќе се претстават денеска на КрафтАРТ Фест што традиционално се одржува во хотелот „Арка” во Старата скопска чаршија пред новогодишните празници.

Посетителите ќе можат да видат, но и да купат рачно изработен накит, производи од стакло, чанти и најразлични модни додатоци.

КрафтАРТ Фест ќе биде отворен од 10 до 20 часот, а го организира Македонската занаетчиско-трговска асоцијација (МАТА).

Треба да знаете
Последни објави