Search

30 дневен извиднички онлајн предизвик за сите млади

Во периодот кога скоро сите активности на извидничките одреди и другите организации кои работат со млади се суспендирани со цел превенција на ширењето на Ковид-19, Сојузот на извидници на Македонија го воведе 30 дневниот извиднички онлајн предизвик, наменет и во овој период да ги едуцира и да ги држи младите луѓе активни од дома.

Во текот на 30 дена колку што ќе трае предизвикот, сите извидници, но и останати деца и
млади кои сакаат квалитетно да го пополнат своето време, ќе имаат можност преку низа
едукативни и забавни активности да ги надградат своите знаења, да се дружат онлајн со своите врсници и да освојуваат награди и признанија. Дел од активностите се: изработка на
импровизиран камп во домашни услови, готвење, учење на знаковен јазик, изработка на
заштитни маски, учество на Earth Hour 2020, итн. Во првите 5 дена, повеќе од 1.000 извидници, деца и млади имаа земено активност учество во оваа активност.

„Како експерти во областа на неформалното образование и развивање на вештини кај деца
и млади луѓе, обврска на извидниците е да продолжиме да го правиме тоа што знаеме да го
правиме најдобро – континуирана едукација на децата и младите и нивна поддршка“ изјави
Владимир Костовски, Генерален Секретар на Сојузот на извидници на Македонија.

Следете ги комуникациските канали на Сојузот на извидници на Македонија каде секојдневно се објавуваат нови предизвици и комплетирани задачи од страна на учесниците:

scoutsmacedonia@scoutsmacedonia и Scout Association of Macedonia.

Треба да знаете
Последни објави