Search

Реал со шест гола го почести АПОЕЛ, Ливерпул прокоцка 3:0 и осминафинале

24 Гола на шест натпревари, рапсодија на Реал Мадрид, катастрофа на Ливерпул, враќање во живот на Наполи, се моментите кои ја одбележаа синоќашната вечер од петтото коло од Лигата на шампионите.

Во групата Е, Ливерпул водеше со 3:0 на гостински терен, но за половина час успеа се да уништи и да си прокоцка сигурен пласман во нокаут фазата.

Севиља во финишот на натпреварот се избори за 3:3 и ја комплицира ситуацијата во групата во која три тима ги делат три поени пред крајот. Спартак сега уште повеќе жали поради ремито со Марибор (1:1).

Во групата Ф, Наполи во второто полувреме го скрши отпорот на Шахтјор со еврогол на Лоренцо Инсиње и со убедлива победа на крај од 3:0 и на тој начин остана во игра за осминафиналето, со три поени помалку од Украинците на едно коло до крајот.

Во другиот натпревар од оваа група Манчестер Сити една минута пред крајот стигна до минимална победа против Фејнорд.

Во групата Г, расположениот Жемерсон му пресуди на Монако кој беше поразен од Лајпциг со убедливи 4:1 на свој терен и на тој начин се збогуваше од ова натпреварување.

Во групата H, Реал со 6:0 го декласираше АПОЕЛ, со по два гола на Бензема и Роналдо за „Кралевите“ да си го обезбедат пласманот во следната рунда.

Во вториот натпревар од групата Деле Али со две асистенции во второто полувреме го режираше пресвртот на Тотенхем против Борусија од 2:1 за нова агонија на „Милионерите“.

 

Треба да знаете
Последни објави