Search

Победничка на Светскиот куп во џиу џица Ацевска на прием во Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски оствари средба со Катерина Ацевска, победничка на Светскиот куп во џиу џица и со нејзиниот тренер Александар Ацевски.

На Светскиот куп одржан во Букурешт, Романија македонската џиу џица репрезентација, претставувана од Катерина Ацевска од Кисела Вода, во категорија жени У16, +63кг освои златен медал. Ацевска златото го освои со победа над натпреварувачката на Грција со голема резултатска разлика од 16-5.

„Во  нејзината категорија Катерина Ацевска златото го освои во јака конкуренција од натпреварувачки, три од Грција, две од Русија, и по една од Украина и Романија. Со  четири убедливи победи дојдовме до овој голем успех. Украина ја победивме со резултат 11-4, а  Русија со 20-14 и на финалниот натпревар со резултат 16-5 ја победивме Грција. Сакам да нагласам дека Русија и Грција се на врвот во Светското џиу-џицу. Покрај ова, на купот трето место освоивме со Нина Ташкова од Штип, а во конкуренција од 15 борци петто место освои нашиот натпреварувач Зоран Колевски од Скопје. На Светскиот куп 1330 борци од 28 држави се бореа на 7 борилишта” – изјави селекторот Александар Ацевски.

Катерина Ацевска досега има освоено многу златни медали на домашни и меѓународни турнири. Таа активно тренира во клубот за џиу – џицу ,,Дан – Кју”, во фискултурната сала на ,,ООУ “Невена Георгиева Дуња” во Кисела Вода.

На приемот на победничката и селекторот присуствуваа претседателот на Советот на Општина Кисела Вода , Дарио Шимиќ и Зоран Ацевски, член на Советот на Општината.

Треба да знаете
Последни објави