Search

Македонија 29-28 Црна Гора !

Македонија 29-28 Црна Гора !!!!

Одиме во Вараждин.

Македонската репрезентација го завери пласманот во следната фаза на Европското првенство. Нашите момци ја совладаа Црна Гора со 26-27 (16-15) и по второто коло се лидери во нашата група Ц, пред лидерот Германија.

Не блескавме како против Словенија, но тоа е најмалку важно…Нашите ракометари како да и самите да не веруваа дека навистина ќе биде тешко против Црна Гора. Ја потценија, па во првото полувреме не одеа работите така лесно, но како и по навика се поправивме во одлучувачките 30. минути. И тоа благодарение на најмладите во нашите редови, Филип Кузмановски и Филип Талески, двајцата ја кренаа Македонија кога изгледаше безнадежно и потврдија и дека имаме и тоа каква иднина.

Кузмановски со пет гола беше најефикасен на мечот, зад него беа Лазаров, Манасков и Талески со по четири погодоци.

Отворивме со 2-4, а потоа набрзина му дозволивме на противник да направи серија од 4-0 и да поведе со 6-4. Црногорците го држеа темпото, сè до 20. минута. Со одбраната на Ристовски, добро организиран напад, две контри и дојдовме на 10-11, со головите на Талески, Георгиевски и Манасков. Последните десет минути до одморот беа неизвесни, а полувремето им припадна на Црногорците 16-15.

По одморот, противникот повторно дојде на плус два, но тогаш на сцена настапија нашите големи и млади надежи. При 19-17, прво Талески, а потоа Кузмановски израмнија на 19:19 во 40. минута. Серијата продолжи Манасков го врати водството на Македонија, а Кузмановски „пукаше“ за 19-21. Секако тука беше и одличниот Митревски, беше на ниво на задачата исто како и одбраната. Миркуловски во 50. минута погоди за највисоки 21-25.

Ова беше водство кое не успеавме да го сочуваме до крај, во последните пет минути влеговме со резултат 25-27. Анџелиќ на момент ги раздрма нашите редови и си поигра со нашите нерви, намали на 26-27, но големиот борец Миркуловски врати на 26-28 на три минути до крајот. Не паднавме, знаевме што сакаме и за што сме дојдени.

Во последното коло од групната фаза Македонија силите ќе ги одмери со Германија.

Треба да знаете
Последни објави