Search

СДСМ: Институциите имаат законска обврска да ги расветлат настаните од 27 април

Насилството на 27 април, оценува партијата, беше напад врз демократијата во Република Македонија.

Институциите имаат кредибилитет и должност да ги расветлат настаните од 27 април во Собранието заради, како што наведуваат, потребата од правда и владеење на право во Република Македонија, за ваков случај никогаш да не се повтори.

Според СДСМ, институциите имаат обврска да постапуваат согласно законските процедури и мора да има одговорност за сите учесници во насилството од 27 април годинава.

– Македонија е сериозна, демократска држава, со институции коишто имаат обврска пред граѓаните и Уставот да постапуваат согласно јасни законски процедури, за целосно расчистување на настаните од 27-ми април и соодветна законска одговорност на сите инволвирани – стои во соопштението.

Насилството на 27 април, оценува партијата, беше напад врз демократијата во Република Македонија, врз уставниот поредок, обид за загрозување на животот на пратеници, а со тоа и напад врз сите граѓани на државава.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави