Search

„27 април” : Во Кривичен исказ ќе даваат сведоци на обвинетиот Лазаров

Со исказ на двајцата сведоци на обвинетиот Душко Лазаров во Кривичниот суд ќе продолжи денешното рочиште за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Како што информира претседателот на судечкиот совет Добрила Кацарска пред паузата, денеска ќе се сослушуваат сведоците Ѓорѓи Симоновски и Трајче Георгиев на обвинетиот Лазаров, а утре третиот негов сведок по што ќе се продолжи со испитување на сведоците на обвинетиот Горан Ѓошевски меѓу кои е и поранешниот претдсетател на Собранеито на Република Македонија Трајко Вељаноски.

Пред паузата сведочеше Вангел Цакончев, кој на 27 април го возел ВИП возилото „мерцедес Ц500″, во кое се возел тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков. Тој во целост го потврди исказот што го даде сведокот Никола Димитриевски, личното обезбедување на Чавков.

Цакончев негираше дека во екипата што го обезбедувала Чавков имало и четврто лице, Ване од Струмица, како што тврдеше обвинетиот Александар Василевски Нинџа кога вкрстено го испрашуваше.

Треба да знаете
Последни објави