Search

Грција нема да го прими иранскиот танкер

Грција денеска објави дека нема да го прими иранскиот танкер за кој се верува дека плови по Средоземното Море кон оваа земја, а кој го бараат САД.

Заменик-министерот за надворешни работи, Милтијадис Варвичиотис, рече дека Грција е под притисок на американските власти кои тврдат дека бродот „Адријан Дарја 1“ е поврзан со организација под санкции.

Варвичиотис изјави дека танкерот од 300.000 тони, долг 330 метри и широк 58 метри, е веќе преголем за секое грчко пристаниште и дека не може легално да ја истовари лесната нафта во вредност од 130 милиони американски долари што ја транспортира до европските рафинерии.

Грчкиот дипломат рече дека Атина испратила многу јасна порака дека нема да помогне во транспортот на нафта во Сирија.

Треба да знаете
Последни објави