Search

Заев до Мицкоски – Кажете што не ви чини во Илинденска Македонија?

Заев до Мицкоски – Кажете што не ви чини во Илинденска Македонија?

Премиерот Зоран Заев до вечерашниот ТВ дуел го праша Мицкоски зошто за ВМРО-ДПМНЕ не е прифатливо името Република Илинденска Македонија и додаде дека Владата ќе се обиде овој предлог да биде конечно решение, бидејќи го смета за достоинствено.

-25 години Македонија беше заглавена во калта на патот кон ЕУ. Патриотизам на гладен стомак нема. Што ако не се реши спорот во наредните 10 години. Тоа е лидерство. На крај ќе има референум, граѓаните ќе одлучат. Кажете ми што не чини во Илинденска Македонија, што ви смета во Илинден. Лесно е да кажете ние сме против, без аргументи. И опозицијата мора да биде одговорна во овој процес. Јас верувам дека треба да се обидеме, затоа што решението е достоинствено. И во Њујорк ќе се обидеме, додека можеме да се обидуваме. Сега сме блиску, во наредните 10 години ќе биде многу потешко, рече Заев.

Мицкоски не даде одговор зошто предлогот Република Илинденска Македонија е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави