Search

Македонија слави, Македонија 25-24 Словенија

Македонија слави, кај сте Словенци

Македонија со фантастична победа го стартуваше настапот на ЕП 2018, славејќи на дуелот против Словенија со 25-24 за неверојатен почеток на новата европска авантура. Во меч со бројни подеми и падови пресуди карактерот, но и срцето на пулените на Раул Гонзалес, кој имаше победничко деби на големите натпреварувања како предводник на нашиот национален тим.

Мечот го почнавме со два изнудени пенали на Миркуловски што капитенот Лазаров ги претвори во погодоци, но Ристовски не беше во посакуваниот ритам на стартот, па Словенија во седмата минута поведе со 2-4. Набрзина изнудивме две исклучувања на противничките ракометари (Цингесар и Забиќ), но Лазаров не го реализираше третиот пенал. Во следниот напад Шкоф му одбрани два зицери на Манасков, па шансата за резултатски камбек остана неискористена.

Казната стигна веднаш, Словенија по комплетирањето зголеми на 2-5, а згора на тоа исклучен беше Јоноски. Раул се реши за промена на голман при водство на противникот од 3-6, но во прв момент тоа не донесе промена на резултатски план. Негативата се движеше меѓу два и три гола, Словенците пропуштија и неколку шанси за „плус четири“, за Македонија да се рабуди во самиот финиш од првото полувреме. Пресуден беше тајмаутот на Раул Гонзалес при резултат 8-11, по што за помалку од три минути успеавме да стигнеме до израмнување, преку Кире Лазаров, Прибак и Талески, за еуфорија во „црвено-жолтиот дел“ од загрепска „Арена“.

Стартот на второто посе и првото водство лувреме го донесе и првото водство на Македонија, со контранападот на Манасков откако Талески мајсторски украде топка при обид за цепелин на противникот. „Црвено-жолтите“ делуваа полетно, па Манасков погоди и триесетина секунди подоцна, за предност од 13-11. Mиркуловски се надоврза на серијата, а Митревски го продолжи своето шоу на голот откако одбрани и пенал, по прекршокот и исклучувањето на Стоилов. Словениија беше нокаутирана, на спротивната страна Пешевски стрелаше прецизно за 15-11, изнудувајќи и исклучување од Млакар.

При овој резултат имавме шанса за „плус пет“, Манасков промаши од гол на гол, а потоа во еден момент останавме со тројца играчи, по исклучувањата на Георгиевски и на Миркуловски (заедно со она на Стоилов). Цингесар го прекина постот на Словенија од над девет минути без постигнат погодок, а Раул веднаш побара тајмаут. Противникот ја искористи предноста на теренот и дојде до 16-14, агресивноста во одбраната достигна највисоко ниво, па на спротивната страна Зарабец погоди за 16-15.

Серијата ја запревме преку Георгиевски, но потоа судиите имаа огромен превид подарувајќи им топка на противниците по очигледна игра со нога, па згора на тоа покажувајќи му и жолт картон на Гонзалес за приговор. Противникот знаеше како да го искористи подарокот и преку Зарабец стигна до 17-17, за романските арбитри конечно да се разбудат и да му покажат исклучување на Цингесар, трето за него и автоматски црвен картон.

Раул го врати Ристовски на голот, имавме водство од 18-17 и напад, но Филип Лазаров направи пробивање, за на спротивната страна Јоноски веднаш да биде исклучен, а Јанц од пенал да израмни на 18-18. Во последните десет минути се влезе со израмнети 20-20, за потоа Миркуловски да постигне гол, едниот судија го призна, но вториот покажа пробивање. Словенија реализираше преку Благотиншек, а Раул побара тајмаут при негатива од 20-21.

Веднаш по тајмаутот следеше одлична акција Лазаров до Георгиевски и лесна реализација на нашето десно крило, но Благотиншек влезе во серија на спротивната страна и им создаде големи проблеми на нашите ракометари во одбраната. Манасков промаши уште еден зицер, но потоа украде топка и израмни на 22-22, а веќе во следниот напад уште еден беше прецизен, за ново израмнување од 23-23.

Георгиевски изнуди исклучување од Благотиншек, а Македонија го искористи тоа и преку Кире и Филип Лазарови стигна до предност од 25-24, на нешто повеќе од три минути до крајот. Во клучните моменти грешка направи Зарабец, но ние не уативме удар во клучниот напад. Сепак, следеше нова грешка на Словенија, па последниот напад го изигравме паметно, со изнуден прекршок на ЛАзаров и конечна победа од 25-24.

Треба да знаете
Последни објави