Search

Ванкувер:  Пресечен кабелот на жичарница, паднале 30 кабини

Повеќе десетици кабини на жичарница во близина на Ванкувер паднале на земја откако бил пресечен кабелот кој ги носи гондолите, соопшти канадска полиција, сомниевајќи се дека станува збор за вандалски чин.

Нема повредени лица, бидејќи жичарницата во тој период не работела.

Телевизијата Си Би Ес наведува дека паднале речиси сите 30 кабини, чија намена е на туристите да им го долови од воздух изгледот на тој дел од Британска Колумбија и бројните водопади.

Треба да знаете
Последни објави