Search

Џулијани: Трамп нема да биде обвинет додека е претседател

 Правниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Рудолф Џулијани изјави дека добил уверување оти специјалниот советник кој ја води истрагата за наводна вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година, Роберт Малер нема да покрене обвинение против Трамп додека е на функција.

 

Во меморандум на Министерството за правда од 2000 година се наведува дека претседателот на САД не може да биде обвинет, затоа што кривично гонење би влијаело на неговата способност да ги извршува своите уставни должности.

Џулијани за Фокс Њуз изјави дека не само што Малер не може да покрене обвинение против Трамп, туку дури не може да му испрати ниту судски повик да се појави пред Големата порота.

Треба да знаете
Последни објави