Search

Мицотакис: Промена на Уставот, предуслов за решение

 Комплетно решение со ерга омнес име и уставна промена, се предусловите за договор меѓу Македонија и Грција, според лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис кој е во Софија на Самитот на европските народни партии.

„Решението на проблемот со името, треба да биде комплетно, но и едно. А како неопходен предуслов има, не само ерга омнес, туку и уставна промена во соседната земја. И оваа уставна промена е предуслов за решение, од кое нашата земја не може да отстапи ниту милиметар“, вели Мицотактис и додава дека стратешки стремеж на Грција е влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ и НАТО, но потребно е претходно да се исполнат условите, а како главен, тој ги споменува добрососедските односи.

Лидерот на Нова демократија, овие позиции, како во однос на прашањето за името, така и за европската перспектива на Западен Балкан, му ги пренел на бугарскиот премиер на нивната вчерашна средба, во рамките на Самитот на европските народни партии.

Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов, разговарале за регионот, но и за прашањето за името.

Треба да знаете
Последни објави