Search

241 санкционирани возачи во Скопје, 45 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 241 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон при возење, 29 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Треба да знаете
Последни објави