Search

Три животи згаснаа во страотни сообраќајки изминативе 24 часа

Три животи згаснаа во сообракајки 

Рано утрово во 06,45 часот било пријавено дека на локалниот пат од населбата Илинден кон с.Миладиновци, скопско, патничко моторно возило “Голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.З.(19) од с.Миладиновци излетало од коловозот и се превртело. Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Известен е јавен обвинител, а во моментов се врши увид од страна на увидна екипа. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера околу 15,20 часот на шумскиот пат во Шумско стопанска единица-Градечка планина-Водисир, Општина Валандово, се случила сообраќајна незгода во која Т.Д.(58) од Валандово управувајќи товарно моторно возило „Там 80-Т“ со валандовски регистарски ознаки, излетал од шумскиот пат и се превртел во провалија. Во незгодата од здобиените повреди на местото на настанот починал сопатникот Ж.Д.(51) од Валандово, додека сопатникот Д.Ј.(26) се здобил со телесни повреди во пределот на главата.

Вчера во 13,25 часот во Скопје на улица „Ѓорче Петров“ автобус „Јутонг“ со скопски регистарски ознаки управуван од Ш.И.(61) од Скопје удрил во пешакот Д.Ј.(82) од Скопје. По незгодата пешакот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градска општа болница „8- ми Септември“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави