Search

МЕПСО вработува, за копирант нудат плата од 24.900 денари

МЕПСО вработува, за копирант нудат плата од 24.900 денари

Државната компанија МЕПСО денеска распиша оглас за вработување на деветмина работници. Покрај високите плати, во очи паѓа и тоа што за три работни места не е задолжително кандидатите да имаат работно искуство. Па така, за работното место копирант, се нуди плата од 24.900 денари, а во огласот е назначено дека на кандидатите не им е потребно искуство.

– 1 (еден) извршител на работното место копирант во архива во служба за општи работи Oддел за општи работи во Сектор за правни и општи работи со средна стручна подготовка – ССС – IVстепен , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 24.900,00 денари, се наведува во објавениот оглас.

Искуство не е потребно ниту за пополнување на местото координатор на Кабинетот на директорот, како и на самостоен инженер за анализа на мрежа во служба за оперативно планирање. За овие работни места е предвидена плата од над 35.000 денари.

-1 (еден) извршител на работното место координатор во Кабинет на директор на Сектор за ИТТК, со Висока стручна подготовка – ВСС – VII степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС – VI/180-240 ектц , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 35.100,00 денари,

-1 (еден) извршител на работното место самостоен инженер за анализа на мрежа во служба за оперативно планирање, Оддел за управување со ЕЕС , во Подружница ОЕПС со Висока стручна подготовка – ВСС – VII /1 степен Електротехнички факултет или по национална рамка за ВОК/ЕКТС – VIА/240 ектц , без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 38.500,00 денари.

Огласот е потпишан од генералниот директор Сашо Василевски.

 

Треба да знаете
Последни објави