Search

23.800 евра казна за 19 гевгеличани и шестмина велешани за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе уште 14 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 19 лица, обвинети за кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети не се придржувале до Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во и околу Гевгелија без да поседуваат дозвола за движење.

За секој од обвинети лица, јавните обвинители му предложија на судот да изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 10 евра во денарска противвредност.

Основното јавно обвинителство во Велес во текот на денешниот ден до Основен суд Велес поднесе Предлози за издавање казнен налог против 6 лица за сторено кривично дело од член 206 од Кривичниот законик – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонијаи за време на полицискиот час биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот.

Надлежните јавни обвинители предлагаат на обвинетите за стореното кривично дело да им се изречат парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупни казни од 800 евра во денарска противвредност

Треба да знаете
Последни објави