Search

22 и 23 декември на вонреден конгрес ВМРО-ДПМНЕ ќе избере нов претседател

На 22 и 23 декември во Валандово ќе се одржи вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој по неотповикливата оставка на Никола Груевски ќе се избере нов партиски лидер.

Според Христијан Мицкоски, генералниот секретар на партијата на вонредниот конгрес ќе учествуваат 544 делегати кои ќе треба да го изберат наследникот на Груевски.

Рокот за кандидатури е до 21-ви декември до 15 часот. Кандидатурите се поднесуваат во архивата на партијата од страна на заинтересираните кандидати или од нив овластени лица.

Неофицијално, засега најсериозни кандидати за претседателското место на ВМРО-ДПМНЕ се Мицкоски, Никола Попоски, Антонијо Милошоски и Илија Димовски.

Треба да знаете
Последни објави