Search

МИА: Претходната Влада потрошила 219 илјади евра на односи со јавноста во кампањата

Поранешната Влада минатата година на денот на почетокот на предизборната кампања, на 21 ноември, ангажирала две странски компании специјализирани за односи со јавност и креирање стратегии, за чии услуги, согласно договореното исплатила вкупно 219 илјади евра, известува Македонската информативна агенција.

Нема детали и извештаи што сработиле, но парите се исплатени и тоа по 73 илјади евра месечно.

Договорите до кои дојде МИА, поранешната влада ги склучувала со странски компании специјализирани за односи со јавност и стратешки планирања во текот на 2016 година.

Според информација која кон крајот на септември ја објави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, поранешната влада под ставката за привлекување странски инвестиции за период од десет години потрошила над 130 милиони евра, во кои меѓу другото спаѓаат реклами во странски, но и во домашните медиуми.

Потрошени се и над 38 милиони евра буџетски пари во периодот од 2008 до 2015 година за кампањи. Но, во тој пакет профит оствариле и маргетинг агенции и некои истражувачки институти. Двата договори, во кои МИА имаше увид, поранешната влада ги склучила во ноември 2016 година. Станува збор за компаниите Мерјкури Интернешнл УК лимитид и Флајшман Хилард.

Во договорите услугите на двете компании се идентични. Тие на владата и понудиле пренесување аргументи/пораки на највисоко ниво во носење одлуки и креатори на политики на Република Македонија, организирање и спроведување политички настани на високо ниво во интерес на Република Македонија, идентификација на соговорници и договарање состаноци со влијателни тинк-тенк и организации, учество на конференции, панел дискусии и други активности организирани од такви организации.

Треба да знаете
Последни објави