Починат велешанец пронајден во центарот на Скопје

Велешанец е пронајден починат во центарот на Скопје. Причините за смртта не се познати, а според МВР на телото на почитаниот немало видливи траги на насилство.

– На 28.09.2024 во 16.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар, на паркинг позади угостителски објект, бил пронајден починат Т.Т.(43) од Велес.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција – се наведува во соопштението од МВР.

Треба да знаете
Последни објави