Дејан Георгиевски со сребро од Г1 ја отвори новата олимписка сезона

Дејан Георгиевски со две доминантни победи над Насо Марко од Италија и Плонис Артсиом од Белорусија дојде до финале на Тирана Опен Г1.

Во финалето до тесен пораз изгуби од Сотириос од Грција. Финалето Дејан се бореше со мала повреда која тимот се надева дека за многу скоро ќе ја санира.

-Убав почеток со значајни бодови за олимпискиот ранкинг, она што е важно да се спомене е тоа дека денеска го елиминиравме белорусинот Плонис кој на олимписките квалификации за Париз не спречи да обезбедиме норма, објави Дарко Костовски.

Треба да знаете
Последни објави