Манчестер Сити ќе се спаси од голема казна

Се очекува голем пресврт во однос на „процесот на векот“, во кој е вмешан англискиот фудбалски тим Манчестер Сити.

Барем така пишуваат медиумите во Англија во последните два дена. Актуелниот шампион не само што нема да биде исфрлен од Премиер – лигата или Лигата на шампионите, туку дури нема ни да биде казнет со одземање на бодови, и покрај обвиненијата за наводно прекршување на 115 одредби од финансискиот фер-плеј.

Ова се случува откако предлогот на Премиер – лигата за легализација на трансакции преку TPA беше одбиен, што укажува на можни финансиски инјекции преку спонзорство контролирано од сопственикот.

Конечната одлука дали Сити ќе биде прогласен за виновен и дали ќе има некакви последици ќе биде позната во јануари 2025 година.

Треба да знаете
Последни објави