Дел од Маџари без вода

Без вода денеска од 11:10 часот се дел од корисниците од улицата „Благоја Стефковски“ во населба Маџари.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради замена на затворач во шахта на ул.„Благоја Стефковски“бб (кај Спорт Лајф) во населба Маџари.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Треба да знаете
Последни објави