Општина Аеродром казни правно лице со 10.000 евра за палење на отворен простор

Општина Аеродром изрече парична казна во висина од 10 илјади евра на правно лице за палење отпад на отворен јавен простор.

Имено, при вонреден инспекциски надзор извршен на 24 септември на бул. „Видое Смилевски-Бато“ бр. 13, е затекнат отпад од остатоци од градежни материјали што бил спален од страна на фирма подизведувач во градежни активности.

Станува збор за повреда на Законот за управување со отпадот, поради што Одделението за инспекциски работи изрече глоба за правното лице во висина од 10 илјади евра во денарска противвредност.

Општина Аеродром апелира до физичките и до правните лица да не прават вакви прекршоци, со кои се предизвикува загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето. Токму затоа, секое вакво однесување ќе биде ригорозно казнувано.

Истовремено, ги повикуваме жителите доколку забележат несовесно однесување, веднаш да пријават кај нашите служби, затоа што само на тој начин ќе можеме сите заедно да си ја зачуваме околината во која живееме, работиме и во која ги одгледуваме нашите деца.

Треба да знаете
Последни објави