ДЕНЕС И УТРЕ (САБОТА) ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Не чека многу сонце и стабилно време!

Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од северните предели на Африка, во текот на денешниот ден, како и утре (сабота) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на сосема мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец.

И во Скопскиот регион ќе имаме слично време, односно стабилно, суво и сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени, во Скопје максималната тењмпература ќе се искачи до околу 32 степени.

Треба да знаете
Последни објави