ВОНРЕДНО: Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини нападнат од три маскирани лица

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини бил нападнат од повеќе маскирани лица во Скопје, Нападот се случил откако Сејдини кој бил во ресторан во Градскиот парк во делот на Карпош тргнал кон својот автомобил, а таму го чекале маскираните напаѓачи.

По нападот, насилниците избегале во правец на кејот на реката Вардар. МВР го потврди нападот врз претседателот на ФФМ.

-На 27.09.2024 околу 18.40 часот М.С. (55) од Кичево, пријавил дека пред угостителски објект во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои при нападот немале маски на главите, по што се оддалечиле. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот, ни одговорија од МВР.

Од ФФМ велат дека Сејдини бил и во полиција за да го пријави нападот, а за здравствените последици и повреди ќе се знае откако ќе ги заврши медицинските прегледи.

Треба да знаете
Последни објави