Бугарија со став: Нема потреба од посредници за спорот со Македонија

Министерот за надворешни работи на техничката влада на Бугарија, Иван Кондов, изјави дека Бугарија нема потреба од посредништво во процесот на надминување на проблемите со Северна Македонија. Оваа изјава ја даде за агенцијата БГНЕС, коментирајќи ја понудата на унгарскиот премиер Виктор Орбан да помогне како посредник во решавањето на спорот меѓу двете земји.

„Европскиот договор со Република Северна Македонија е јасен. На Бугарија не ѝ требаат посредници во овој процес“, нагласи Кондов.

Унгарскиот премиер Орбан вчера пристигна во Македонија и понуди да се вклучи во медијацијата. Од друга страна, Бугарија останува на своето барање за внесување на Бугарите во Уставот на Македонија, додека Албанија веќе започна преговори за членство во ЕУ, а Македонија сè уште чека.

Треба да знаете
Последни објави