Сообраќајка во Скопје: Возач искршил столб од семафор, потоа се качил на жардињера

Сообраќајна несреќа се случила во текот на ноќта во близина на поликлиниката „Пролет“.

Возилото „фолсфаген“ на крстосницата кај булеварот „Трета македонска бригада“ кон Тутунски комбинат удрило во столбот од семафорот по што се качило на жардинерата.

Од МВР соопштуваат дека има само материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави