Прекината е најдолгата серија порази во тениската историја

Џанг Шуаи од Кина конечно ја прекина најдолгата губитничка серија во тениската историја, откако по 24 порази во низа денеска конечно успеа да тримфира на дуелот со Мекартни Кеслер со 2-0 во сетови.

Искусната 35-годишна кинеска тенисерка своевремено беше 22. на ВТА-листата, но следеше голем пад откако од февруари годинава па се до септември нанижа 24 порази.

Конечно, „црната серија“ беше прекината со денешниот триумф, до кој стигна откако во првиот сет се врати од негатива од 3-5 и славеше во тајбрејкот со 7-5.

Во вториот сет повторно се играше израмнети, но Шуаи блесна во тајбрејкот, триумфирајќи со 7-1 за огромна радост и олеснување по прекинот на неверојатната губитничка серија.

Треба да знаете
Последни објави