Уценувана фамилијата Шумахер: Три лица изнудувале 15 милиони евра

Германското обвинителство официјално поднело обвинение за три лица, кои беа претходно беа уапсени поради уценување, односно обид за изнудување пари од фамилијата на Михаел Шумахер.

Формула 1 легендата има здравствени проблеми по падот за време на скијање пред неколку години, а лицата кои се уапсени се заканувале дека ќе објават негови фотографии на интернет мрежата.

Татко и син од германскиот град Вупертал дека барале 15 милиони евра за да не ги објават спорните фотографии, а до нив дошле преку поранешен член на обезбедувањето на фамилијата Шумахер.

Токму изворот на податоците е третиот кој ќе одговара во овој случај, а криминалната група преговарала со сопругата на Михаел, Корина Шумахер, на која од анонимен мејл и биле праќани фотографии и снимки за да се увери дека не се работи за блеф.

Првообвинетиот, 50-годишниот Јилмаз Т. може да помине најлошо, бидејќи му се заканува 15-годишна затворска казна, додека неговиот син е пуштен да се брани од слобода и ќе одговара за поинакво дело.

Треба да знаете
Последни објави