Трагедија во Босна: Автомобил паднал во провалија длабока 100 метри, едно лице загина

Едно лице е убиено синоќа во Бутуровиќ Поље-Лукшија, потврдија од полицијата на Херцеговско-неретванскиот кантон.

Во полиција во 19 часот била пријавена сообраќајна несреќа во која учествувале возачот М.О. (64) од Коњиќ со автомобил „сузуки“.

Тој во еден момент го запрел автомобилот покрај патот и излегол од него, по што возилото тргнало и потоа удрило во провалија длабока 100 метри, додека И.К.(72) бил на совозачкото седиште.

Мажот починал на лице место, а неговото тело го извлекле припадници на полициската станица Прењ.

М.О. е лишен од слобода по наредба на дежурниот кантонален обвинител, а преземени се сите потребни истражни мерки и дејствија со цел да се утврдат сите околности на овој трагичен случај.

Треба да знаете
Последни објави