Aeродром поставува мамки за глувци и други глодачи

Општина Аеродром деновиве го почнува спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата нејзината територија, соопшти Општината.

При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамки, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во Општината.

Есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави