Сообраќајка во Охрид: Тешко повреден возач

Вчера во 15.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Охрид, патничко возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(67) од с.Велгошти, охридско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави