Мицкоски за 90 дена успеа да го урне европскиот сон на Македонија – сега Брисел бил крив

Премиерот Христијан Мицкоски жестоко реагираше на потегот на ЕУ да ги раздвои патиштата на Македонија и на Албанија кон полнправно членство во Унијата.

Мицкоски гледа виновник во Брисел велејќи дека ЕУ се изживува со Македонија, додавајќи дека тој диктати немало да прифаќа.

Но, исполнувањето на условите од Преговарачката рамка и измените на Уставот што Мицкоски денеска ги толкува како диктат, беа однапред поставени критериуми од ЕУ, доколку Македонија сака да продолжи со преговарачкиот процес.

Додека беше во опозиција, Мицкоски велеше дека тој и неговата партија имале план како да се продолжи евоинтегративниот процес, но по само 90 дена тој како премиер успеа да го урне европскиот сон на Македонија и државата да продолжи да стои во место додека другите напредуваат.

Со одвојувањеро од Македонија, Албанија доби зелено светло да продолжи со втората фаза на преговорите со ЕУ и отворање на првиот кластер.

Тоа, имајќи го предвид сегашниот однос на актуелната влада кон европските интеграции, очигледно дека уште долго ќе биде неостварлива цел за Македонија.

Треба да знаете
Последни објави