Меџити: Нема да помине Законот за бранители

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на прес конференција порача дека нема потреба за загиженост бидејќи законот за бранители нема да помине.

Либертас

Меџити им порача на граѓаните да не се грижат: Нема да помине Законот за бранители

26.09.2024 16:52

 30 Читање помалку од 1м

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска на прес конференција порача дека нема потреба за загриженост бидејќи законот за бранители нема да помине.

Тој вели дека дилема е дали СДСМ не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти.

„Прашањето и дилемата е како СДСМ, партнерот на ДУИ, кој осум години го промовираше граѓанскиот концепт врз основа на кој добиваше и албански гласови, а има и високи албански функционери во своите редови, преку ноќ од граѓански концепт предлага закон за бранители преку поранешната министерка за одбрана Славјанка. Дилемата е дали не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти и предлагаат ваков закон, но не им е грижа ниту за бранителите, ниту за УЧК, туку им е грижа како да се спасат од одговорноста“, подвлече Меџити.

Треба да знаете
Последни објави