Кошаркарската репрезентација на Франција има нов селектор

Француската Кошаркарска Федерација експресно ги разреши дилемите околу селекторската функција по заминувањето на Винсан Коле, откако за нов стратег на националниот тим беше именуван Фредерик Фоту.

Станува збор за 51-годишен стратег кој денеска беше официјално претставен како селектор, потпишувајќи договор до крајот на олимпискиот циклус за ОИ во Лос Анџелес во 2028 година.

Фоту пред помалку од десет години беше тренер во третата француска лига, потоа се пресели во Асвел како помошен тренер на Паркер, а лани го водеше тимот на Бург, со кој стигна до финалето на Еврокупот каде што беше поразен од тимот на Париз.

Треба да знаете
Последни објави