Еден скопјанец го нападнал својот татко, друг со нож ја нападнал својата братучетка, кршел и ги нападнал соседите

Вчера во 20.45 часот во СВР Скопје, 58 – годишен маж од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот во дворот на семејната куќа на подрачјето на Шуто Оризари, бил физички нападнат од неговиот син О.Р.(41).

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Исто така вчера во 18 часот во СВР Скопје, 20 – годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот братучед Б.А.(22) и се заканил со остар предмет, оштетил дел од покуќнината и се обидел да го нападне нејзиниот сопруг, а потоа во дворот физички ја нападнал неа, како и соседите Ѓ.И.(41), А.Д.(48) и А.М.(63).

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави