Филипче: Албанија оди напред, а ние ќе изгубиме уште цела генерација млади со ВМРО-ДПМНЕ

Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата. Но пред се, ова е огромна катастрофа за иднината на граѓаните, смета претседателот на СДСМ, Венко Филипче. ЕУ вчера одлучи Албанија да ги продолжи преговорите, со што ја одвои Македонија од пакетот за членство во Унијата. Според Филипче, оваа пропуштена шанса ќе се одрази на многу семејства и цела една генерација.

„Со оваа одлука станува јасно дека Албанија ќе добие зелено светло за продолжување во втората фаза на преговорите со ЕУ и отворање на првиот кластер.
Раздвојувањето на Албанија и Северна Македонија е тежок пораз на политиките на Владата на планот на европската интеграција на државата. Но пред се, ова е огромна катастрофа за иднината на граѓаните. За жал, оваа нова пропуштена шанса ќе се одрази на многу семејства и на уште една цела нова генерација. Ова ја убива надежта дека нашата држава може да напредува и да се развива“-истакна Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Политиките на ВМРО-ДПМНЕ служат само за ширење популизам и лажен патриотизам, вели Филипче, а со тоа на државата Ѝ носат меѓународна изолација, економска стагнација и внатрешни тензии.

„За прв пат во 30 години откако државата го започна својот пат кон ЕУ, Владата сама себе се блокира. Мицкоски ги блокира граѓаните и напредокот на државата додека сите не плаши со идни блокади. Македонија останува изолирана, без јасен план и стратегија како напред. Ова е Влада која во 100 дена само се жали, бара оправдувања и внесува параноја во општеството. За само 100 дена новата Влада ја закопа последната надеж дека и кај нас ќе се живее добро. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се цунами за Македонија, без чувство за одговорност, лидерство и грижа за граѓаните“-рече Филипче претседател на СДСМ

Треба да знаете
Последни објави