Штипска пастрмајлија – направете ја и дома

Штипска пастрмајлија е вистински деликатес. Штипска пастрмајлија направете ја и дома по оригинален рецепт.

Потребнои состојки:

Тесто:

1 кг брашно
450-500 мл вода
1 коцка квасец
1 лажичка сол

Фил:

1 кг свинско месо
1 лажица црвен пипер
1 лажичка црн пипер
1 лажичка сол
3-5 лажички свинска маст

Начин на подготовка:

Подготовката започнете ја со свинското месо. Еден ден пред да ја правите пастрмалијата, месото исечете го на ситни коцки и зачинете го со сол, црн пипер и црвен пипер, па измешајте малку и оставете да се впијат зачините. Ако оваа постапка ја правите истиот ден, месото со зачините оставете го да стои најмалку 3-4 часа.

За да го направите тестото, во поголем сад за месење ставете го квасецот со малку млака вода (се одзема од тие 500 мл) и сол, па замесете без да надојде квасецот. Потоа се додаваат остатокот од брашното, како и преостанатата вода и добро се меси. Измесеното тесто се дели на 3-4 топчиња, кои се оставаат да нараснат. На секое од топчињата со прстите се прави длабнатинка, а потоа се тегне и се развлекува во форма на чун (ако не можете со раце, користете сукало. Така подготвено, тестото се става во тепсија, претходно набрашнета (без масло). Подготвените коцки месо се редат во вдлабнатината на тестото и врз секоја се става малку свинска маст. Пастрмалиите се печат во добро загреана рерна на 250 степени, околу 25-30 минути. Потоа, тавата се вади од рерната, се премачкуваат рабовите со маст и повторно се враќа назад за да се допече. Доволни се уште 5-10 минути. Готовата штипска пастрмалија направена на домашен начин се покрива со платнена крпа, се остава кратко да постои. Се служи топла со феферони.

Треба да знаете
Последни објави