(Видео) Патриотско друштво: Полиција спречува изградба на црква во Полог

Патриотско друштво на својот профил на платформата Х објави видео дека се спречува изградба на цркава во Полошкиот регион.

На видеото објавено на профилот се слуша машки глас како вели дека на локацијата каде се гради црква пристигнала полиција која на луѓето кои вршеле градежни работи им наредила да се разотидат или во спротивно ќе биле приведени.

Иако во описот на објавата стои дека се работи за црква во Тетовско, други корисници на мрежата во коментари пишуваат дека тоа е селото Галате, општина Врапчиште, во Гостиварскиот регион.

Погледнете повеќе на видеото на овој линк.

Треба да знаете
Последни објави