Search

Русија воведе антитерористички мерки во три погранични региони

Руските власти од денеска воведуваат антитерористички мерки во три региони што граничат со Украина, јавуваат руските медиуми.

Специјалниот режим ќе важи за регионот Курск, каде што Москва вели дека нејзините сили се борат против украинското навлегување, како и за регионите Белгород и Брјанск.

Мерките вклучуваат евентуално раселување на жителите, ограничување на транспортот во одредени области, зголемена безбедност околу чувствителните места и прислушување телефонски и други комуникации.

Руските мерки следуваат откако пред три дена украинските сили почнаа голема офанзива во областа Курск.

Над илјада украински војници влегоа во таа област, поддржани од тенкови и други оклопни возила.

Треба да знаете
Последни објави