Search

Српската полиција ја опколи Лозница, се трага по напаѓачот на полицајците

Српската полиција во моментов е во потера по напаѓачот кој синоќа 55 минути по полноќ го уби полицаецот Никола Крсмановиќ и тешко го рани неговиот колега Вјекослав Илиќ. Како што јавуваат српските медиуми на местото на настанот се испратени силни полициски сили, меѓу кои и одред на Жандармеријата од Нови Сад а во потрагата се вклучени и хеликоптери на полицијата.

Инаку, престрелката се случи во полициската станица во населеното место Липнички Шор, кај Лозница, кога двајца гранични полицајци запреле возило со турски регистарски таблички чии сопатници, двајца мажи, биле сомнителни. Се било во ред додека полицајците не побарале од едно од лицата да ја отвори торбата, при што тој извадил пиштол и пукал кон полицајците.

Полицаецот Никола Ксмановиќ беше застрелан во градниот кош и од здобиените повреди почина во болница, а неговиот колега Вјекослав Илиќ кој беше тешко ранет и применн во Општата болница во Лозница се уште му здравствената состојба не му е стабилизирана.

Инаку на местото на настанот се пронајдени документи на име на Артан Хајризи етнички Албанец од Косово каде според пишувањата на српските медиуми постои сомневање дека тој е лицето кое пукало во полицајците.

Треба да знаете
Последни објави