Search

Во синоќешната престрелка во Чаир повреден 31-годишен скопјанец

Полицијата утринава излезе со информации за пукањето во скопски Чаир.

Тие вчера во 21:50 добиле пријава од ГОБ „СВ. Наум Охридски“.

-Во ГОБ Наум Охридски бил донесен Д. Б. (31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје, информира МВР.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе медиуми синоќа објавија дека средба за помирување меѓу две семејства заврши со меѓусебна престрелка во скопски Чаир.

Треба да знаете
Последни објави