Search

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА: За викендот екстремно топло насекаде во Македонија – Очекуваме температури до 43 степени

Метео анализа на Славчо Попоски

Екстремно топлиот бран од Африка кој е проследен со екстремно висок Ув индекс во деновите пред нас ќе зема замав, па така секој ден ќе биде се потопло. Температурите речиси насекаде во Македонија ќе се искачат до, па  и над 35 степени.

Во најтоплите централни и југоисточни предели температуририте особено за време на викендот ќе се искачат дури и до 43 степени. Ништо подобро нема да биде  ни утре (четврток) како и во петок кога  во овие краиште температурите повторно ќе се искачат до, па и ќе надминат 40 степени.

Во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 40 степени, но со тоа што повремено таа ќе надминува 40 степени.

Спороред моменталните прогностички материјали со кои располагаме, следната седмица ќе биде уште потопло па така температурите тогаш би можело да се искачат и до околу 45 степени.

Треба да знаете
Последни објави